Нашиот шампион триумфално мина и низ Кочани. Четврта победа по ред за нашите црвено – црни момчиња. Натпреварот Седлоски го започна во стандарден состав (без Грнчаров и Ромеро кој се повредени) средниот ред го сочинуваа веќе три меча стандардните Николов Глигоров, Фелипе. Блажевски и Ивановски, од првата минута на овој натпревар започна, стрелецот на голот против Младост ЦД Љамчевски, на местото на Дашјан почна од првата минута. Вардар дојде до водство многу рано, кој друг ако не Блажевски. Шиле стрелаше прецизно за водство на Вардарци. Триумфот го потврди уште во 24 минута Фелипе. До крајот на првото полувреме Вардар имаше уште многу шанси за повисоко водство, но остана 0:2 на полувреме.
Во вториот дел штипјани останаа со играч помалку, сино – белите повеќе од 30 минути играа со играч помалку, но нашиот тим не го искористи тоа, и не ја дуплираше предноста. Како и многу мечеви Вардар мака мачеше со реализацијата. Важно е што победивме, и останавме лидери на табелата.
Следува пауза поради репрезентативните настапи.
Комити го бодреа ФК Вардар во Кочани!
Фото: fkvardar.mk