Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар го ”демолираше” Лајпциг
ЖРК Вардар го ”демолираше” Лајпциг

ЖРК Вардар го ”демолираше” Лајпциг

Започна ”Вардар Трофеј” избраничките на Инди лесно, и убедливо го започнаа овој турнир. Совладан оваа вечер беше германскиот тим, екипата на Лајпциг со резултат 37: 25

Натпреварот започна убедливо за Вардарки, на стартот стигнаа до водство од 3:0, со два гола на Черноиваненко, првиот гол Лајпциг го постигна дури во 5 минута. Лејно влезе во ритам, стигнува до 8 одбрана, Дембеле стрела сигурно за високи 5:1. Вардарки продолжија со добрата игра, Пенезиќ стрела прецизно за 7:3 и тајм – аут за Лајпциг. По тајм – аутот Лајпциг е без гол веќе 6 минути. Прв гол за Дамњановиќ. за највисоко водство од 10:4 во 20′. Дамњановиќ влегува во серија 2 гол. за 15:8 25′
Лејно е во вистински ритам на овој прв дуел, стигнува до 11 интервенција на овој меч. Крај на првиот дел резултатот е 17:10. Лекиќ и Пенезиќ постигнаа по 3 гола, новите Дамњановиќ два, и Човиќ еден гол.

Започнува вториот дел, Лекиќ 4 гол за 18:10, потоа Вардар доаѓа до двоцифрена предност од 21:11 стрелец Барбара Лазовиќ, Вардар ја зголемува предноста 24:12 Черноиваненко 40′. Највисоки 31:18 Дамњановиќ покажува дека ќе биде големо засилување за ЖРК Вардар, Лејно игра вистинска симултанка 17 одбрана, во 51′ Каков гол на Дамњановиќ од половина терен за 31:18
Лејнооо од гол на гол! Играч на мечот дефинитивно, постигна гол, додаде и 18 одбрани до оваа 54′, гол на Кликовац 55′ за убедливи 34:20 . Човиќ 4 гол за 35-21. 6 гол за Пенезиќ за 36:22, Човиќ за 5/5 на овја натпревар. Застанува и Петковска помегу стативите во нашиот тим.
Крај на натпреварот +12 за Вардарки!

Фото: zrkvardar.mk