Кадетите на Фк Вардар (у 18) беа успешни и во второто првенствено коло. Овој пат противник им беше екипата на Победа од Прилеп. Мечот се одигра на теренот на локомотива и заврши со резултат 3:1. Бериша, Петревски и Маркоски ги постигнаа головите за црвено-црните.
-Натпреварот се одвиваше, како што ние посакувавме. Иницијативата беше на наша страна, креиравме многу шанси од кои некои ги претворивме во гол. Очекувам со вакви игри да продолжиме до самиот крај на сезоната и на секој меч ќе одиме на победа.
Од оваа сезона, оваа генерација има нов тренер. Тоа е Влатко Колев кој дојде од младинскиот тим на Металург.
-Ние како екипа сме многу задоволни од новиот тренер. За краток период се уклопивме во неговиот систем на игра, која тој ја посакува, изјави Дамјан Петревски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски