Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв тим > Дончевски: Многу сум радосен што Вардар повторно е шампион. Оваа 10титула е подеднакво голема како и првата
Дончевски: Многу сум радосен што  Вардар повторно е шампион.  Оваа 10титула е подеднакво голема како и првата

Дончевски: Многу сум радосен што Вардар повторно е шампион. Оваа 10титула е подеднакво голема како и првата

Со  победа изминатиот виненд над Слога во Пробиштип, црвено-црните  фудбалери  ја освоија десеттата шампионска титула во богатата црвено-црна историјата. Вардар беше и остана   најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој сега ја извезе ѕвездата над својот амблем, истата  прв ја “начна“  легендарниот Андон Донечевски во сезоната 1986/87  заедно со легендарната златната вардарова генерација. Тогаш ја освоивме првата титула  државен шампион  во Првата лига на поранешна СФР Југославија. Легендарниот Дончо за клубскиот сајт по повод десетата титула го изјави следново:

Многу сум радосен што нашиот Вардар повторно е шампион на Македонија. За мене, оваа 10. титула е подеднакво голема како и првата што ја освоивме во екс-југословенското првенство. Иако тогаш се натпреварувавме во една многу посилна лига, каде што игравме не само за себе, туку и за честа на нашиот народ, денешниот успех има подеднакво значење, бидејќи Вардар и денес се бори да го подигне фудбалот во Македонија, на едно повисоко ниво. Искрено се надевам дека освоената титула ќе претставува еден вид отскочна даска, за понатамошните успеси на меѓународната сцена. Вардар во својот сегашен состав има многу јунаци кои се дораснати да ја бијат битката во Европа, за пласман во Лигата на шампионите. Овој тим треба да биде локомотивата на македонскиот фудбал, која ќе ги повлече и останатите екипи напред. На крајот на краиштата, силен Вардар е основниот предуслов за да имаме и силна репрезентација“, вели првиот селектор на македонскиот државен тим.

Тој сега  живее во далечната Австралија, но и од таму следи што се случува во нашиот црвено-црн колектив. Тој ја  поздравил изградбата на Фудбалската Академија наменета за младите категории, која веќе во  недела ќе биде свечено пуштена во употреба.

Пред неколку дена ги видов сликите од Академијата на интернет и солзите радосници самите ми се стркалаа по образите. Јас бев дел од втората генерација вардарови фудбалери, кога заедно со Илиевски, Шулинчевски, Чапаровски, Николовски, Дацевски, Вучидолов и останатите, го освоивме Купот на Југославија. Повторно ќе ја спомнам пумпата на која што се миевме, додека од нас испаруваше потта по завршувањето на тренинзите. Сега со изградбата на Академијата, нашите младинци ќе имаат европски услови за работа и усовршување на нивните фудбалски вештини. Како поранешен играч на Вардар, на господинот Сергеј Самсоненко и неговите соработници, сакам да им изразам едно огромно ‘спасиба’, бидејќи со реализацијата на овој проект, создадоа вистинско богатство за развој на фудбалот во Македонија“, истакна големиот фудбалски итрец, во својот завршен коментар од шампионската честитка.