Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Повторно тест пред Л.Ш со Динамо Загреб за ФК Вардар
Повторно тест пред Л.Ш со Динамо Загреб за ФК Вардар

Повторно тест пред Л.Ш со Динамо Загреб за ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар повторно ќе одигра пријателски дуел  против хрватскиот шампион Динамо Загреб. И овој пат истиот ќе биде одигран во Словенија, но засега терминот не е дефиниран и се очекува да биде дополнително познат. Овој дуел е договорен, а најголеми заслуги за тоа имаат двата тренери, кои се во добри односи. Да не заборавиме дека стратегот на Динамо дојде, и го виде новиот тренинг камп на Вардарци.

Изминатите летни подготовки овие два тима ги одмерија силите, тогаш “модрите“ славеа со 4:1. Мечот се играше  во Мурска Собота (Словенија) каде допатуваа  Вардарци кои се подготвуваа и во Австрија. Тој меч се одигра на две полувремиња по едне час, односно вкупно по претходен договор на двата тренера се одиграа 120 минути.  На тој дуел единствениот гол во 18 минута го постигна Дејан Блажевски-Шиле и го изедначи резултатот на 1:1. Црвено-црните годинава поголем дел од подготовките за европскот предизвик најверојатно ќе ги одработат стандардно во Австрија, но можно е дел од нив да минат и во Словенија, кога и би се сретнале со “модрите“ кој како и нас би можеле да ги напрват последните тестови пред настапот во  квалификациите за лигата на шампионите. Интересно е тоа што овие два тима би можеле и да се сретнат во 2 квалификациско коло. Но не е тајна дека нашиот шампион сака да го избегне овој хрватски шампион.