Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со 51 погодок се пласираше во финалето на купот
ЖРК Вардар со 51 погодок се пласираше во финалето на купот

ЖРК Вардар со 51 погодок се пласираше во финалето на купот

Нашиот женски ракометен шампион без проблеми ја започна одбраната на трофејот од купот на Македонија. Како и што се очекуваше, Вардарки се пласираа во големото финале на купот, откако бе убедливи во дуелот со екипата на Куманово со резултат 51:18.

Започнавме со серија од 4:0, а првиот погодок противникот го постигна во 5 минута, по што следеше нова серија од шест последователни гола за црвено-црните и предност од 10:1. Набргу успеавме да стигнеме и до двоцифрена предност од 12:2. Идентично како и на на почетокот кога Куманово ќе постигнеше гол (12:3), ние враќавме со нова серија на погодоци, за убедливо водство од 17:3. До крајот на првото полувреме самомја зголемувавме разликата, за на одмор да заминеме со резултат 28:9.

Во првите шест минути од вториот дел се играше гол за гол на двете страни. При резултат 33:13, Вардарки направија серија од 5:0 за водство од 38:13. Остатокот од натпреварот беше чиста рутина и тренинг за нашите девојки, кои стигнаа до 51 погодок на овој полуфинален натпревар. Индира Кастратовиќ им даде можност за настап на сите ракометарки кои беа на располагање, со исклучок на Сираба Дембеле, која беше и единствената која не се запиша во листата на стрелци.

Убледиво најефикасна на натпреварот беше Андреа Човиќ со 12 гола, додека Сара Ристовска постигна 9.

Вардар: Петковска, Кликовац 3, Дамњановиќ 2, Лејно, Дембеле, Сокач 3, Пенезиќ 3, Черноиваненко 6, Човиќ 12, Ихнева 2, Хмирова 7, Ристовска 9, Грбиќ 4.

Во недела во спортската сала во населбата Автокоманда го играме големото финале, против екипата на Металург. Овој дуел ќе започне од 17 часот.