Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар повторно поразен, Пелистер со победа во Скопје
Вардар повторно поразен, Пелистер со победа во Скопје

Вардар повторно поразен, Пелистер со победа во Скопје

 На националната Арена „Филип Втори“ во Скопје денеска се играше дербито помеѓу Вардар и Пелистер во првата лига. На овој дуел  забележавме нов пораз со резултат 2-3 (1-1). За нас стрелаа на овој дуел  Барсегјан во 7.минута, и Блажевски во 60.минута. Ние го почнавме овој дуел со следните момци:  1. Алексовски, 3. Попов, 5. Битанг, 11. Барсегјан, 19. Хамбарџумјан, 21. Новак, 30. Тодороски, 33. Исени, 72. Максимов, 77. Брдаровски, 88. Цветановски.

ТЕК НА МЕЧ:

2:3 92’ – Пелистер дојде до водство. Битолските фудбалски избегнаа офсајд и излегоа двајца на голманот Алексовски, по што Наумоски погоди во голот за водство на гостите

90’ – Убав шут на Цветановски од десната страна, топката мина за малку крај голот на Пелистер

79’ – Нова голема шанса за Вардар. Глигоров го проигра Блажевски кој што одкосо од лево шутираше непрецизно и над голот

75’ – „Зицер“ позиција за Исени кој што излезе сам на десетина метри, но одлична интервенција на Атанасовски

74’ – БРАВО АЛЕКСОВСКИ! Трифуновски од пенал шутира, Алексовски тргна на вистинската страна и го одбрани овој удар. Топката дојде на левата страна, нафрлена до Трифуновски кој што со глава се обиде, но повторно феноменално Алексовски успеа да одбрани

73’ – Тодороски во шеснаесетникот го фаулира Наумоски, за нов пенал на Пелистер

2:2 69’ – Долга топка до Коњарски кој што е во сомнителна офсајд позиција, и на 25 метри стигна пред Алексовски и успеа да ја упати топката кон празниот гол

2:1 60’ – ГОООООЛ! Блажевски од белата точка шутира силно во десниот долен агол од голот на Пелистер за ново водство на Вардар

58’ – Хамбарџумјан од десната страна се проби, над него стартува Ристевски и Ецкоски досуди пенал за Вардар

53’ – Хамбарџумјан од десната страна изненадувачки упати удар кон голот на Пелистер, Атанасовски успеа да одбрани

47’ – Цветановски во добра шанса од 16 метри шутира над голот на Пелистер

46’ – Почеток на второто полувреме

КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ

45’ – Нафрли Цветановски до Барсегјан кој што со глава ја зафати топката, но по средината на голот каде што одбрани Атанасовски

40’ – Одбрана на Алексовски по шутот на Љамчевски од дваесетина метри

30’ – Хамбарџумјан од триесетина метри шутираше силно, но за малку непрецизно и над голот на Пелистер

19’ – Нафрли Тодороски од десната страна до Барсегјан кој што со глава упати обид над голот

1:1 13’ – Трифуновски од пенал погоди во долниот лев агол, и носи израмнување на натпреварот

12’ – Шутира од десната страна Наумоски, топката удира во раката на Хамбарџумјан, и Ецкоски суди пенал

1:0 7’ – ГОООООЛ! Попов испрати долга топка до Максимов на левата страна кој имаше многу простор, одлично го забележа Барсегјан кој натрча и стрела од 7-8 метри во голот на Пелистер за водство на Вардар

6’ – Обид на Бесар Исени од дваесетина метри по земја, голманот Атанасовски успеа да одбрани

3’ – Нафрлување од десната страна, топката дојде до Цветановски кој што се најде во добра позиција, но шутот е само над голот