По голема борба во арената во Будимпешта и по две продолженија од по пет минути, Ѓер успеа да го победи Вардар и да ја одбрани титулата во Лигата на Шампионите.
Натпреварот со гол го отвори Аморим Талески, а противникот поведе и со 2:0, додека Вардар првиот свој гол го постигна во 5 минута од мечот, откако од седум метри погоди Лакрабер. Гледавме право финале, голема борба на теренот за секоја топка, додека одбраните фунцкионираа безпрекорно. Ѓер е првиот тим кој успеа да се одлепи на три гола разлика, откако сврза два последователни погодоци и во 7 минута со голот на Хансен го зголеми резултатот на 4:1. Сепак како одминуваше мечот, вардарки полека се ослободија од притисокот, па и заиграа подобро. Враќаме со два гола во серија, откако погодија Пенезиќ и Лекиќ, кои го намалија резултатот на 4:3. Лејно започна да брани во својот препознатлив стил и стигна веќе до својата втора интервенција. Унгарките имаа прилики повторно да се стигнат до три гола разлика, но немаа среќа кога ја погодија пречката и дирекот од голот на Лејно, а тоа го искористивме преку Лекиќ кој повторно го враќа резултатот на само еден гол негатива (5:4). Ѓер е екипата која во овој дел од мечот беше во постојана предност, така беше и кога повторно дојдоа до највисоките три гола водство (7:4) беше во 17 минута кога погоди Грот. Сепак Вардар во следните десет минути не му дозволи на противникот да го пронајде патот до нашата мрежа, додека ние правиме серија од 0:4 и за прв пат на овој дуел имавме предност од 7:8. Одлична на голот, Лејно која ја забележа својата шестта одбрана, додека Сара Ристовска откако ја замени Радичевиќ успеа да постигне три гола и во 27 минута да го свртиме резултатот во наша корист. До крајот на првиот дел, избраничките на Амброс успеаа да го израмнат резултатот на 9:9. Вардар имаше последен напад да поведе, но не успеавме, затоа исклучување доби Анита Горбич.
После еден неискористен напад на двете екипи, Полина Кузнецова со својот прв гол му донесе водство на Вардар од 9:10, додека Лејно повторно и брани зицер удар на Горбич и стигна до двоцифрен број на одбранети удари. Избраничките на Парондо и Дибирова повдобро го отвараат второто полувреме, а до прв гол стигна и Цвијиќ за прв пат да имаме предност од два гола разлика (9:11). Противникот веше шест минути е без гол, а нов зицер брани Лејно. Лакрабер пропушта шанса да реализира од сеум метри, затоа Ѓер постигнува прв гол дури во 38 минута. Во следните три минути видовме два гола на Лакрабер, со која се исправи за промашениот пенал. Трет праомашен седмерец за Вардар, овој пат на Лекиќ, а Лејно го остава Вардар во водство и стигна до својата 15 одбрана. По подолго време, со серија од 3:0 и погодокот на Горбич, Ѓер поведува со 14:13. Силно темпо на игра наметнаа двете екипи, нијанси на крајот ќе го одлучат шампионот на Европа. Со два гола во серија поведовме, но само за кратко, бидејќи Грот ја враќа предноста на Ѓер од 17:16 бо 24 минута. Ако освои Вардар титула, дефинитивно херој ќе биде Лејно која веќе ја забележа и 18 одбрана, а Вардар преку Лекиќ на 20 секунди пред крајот поведе со 19:20. Сепак Аморим успева да го израмни резултатот на 20:20, а Вардар не реализира во последните десет секунди. Мечот оди во продолженија и тоа две по пет минути.
Талеска го отвори со гол првото продолжение, додека врати Радичевиќ со удар од седум метри, за нерешен резултат 21:21. Аморим се разигра кога најмалку беше потребно, таа постигна дури три гола во првото продолжение, а Ѓер со минимално водство од 24:23 ќе ги стартува последните пет минути од ова возбудливо финале. Со својот осми гол, Грот му носи предност на Ѓер од 25:23, а противникот беше поблиску до титулата во тие моменти. Лекиќ на 50 секунди до крајот погоди за само еден гол негатива. Чанаџија не успева, Ѓер е старо-нов освојувач на ЛШ.