Вардар во сабота на теренот на АМС во населбата Аеродром (до С.Ц. Јане Сандански), ќе одигра пријателски дуел со новиот прволигаш, тимот на Македонија Ѓорче Петров. Средбата е со почеток од 17.00 часот.
Овој дуел ќе биде една од главните контроли и на двете екипи пред стартот на новата сезона, која треба да започне на 12. август.
Македонија Ѓорче Петров во новата сезона влегува со многу новитети. Во тимот има пет играчи од Бразил, и неколку екс фудбалери на Вардар како: Кировски, Настевски, Стојановски, Божиновски, Петров..