Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дуелот помеѓу Вардар и Апоел на арената “Филип Втори“ бил на трето место по посетеност
Дуелот помеѓу Вардар и Апоел на арената “Филип Втори“ бил на трето место по посетеност

Дуелот помеѓу Вардар и Апоел на арената “Филип Втори“ бил на трето место по посетеност

Реванш натпреварот од второто квалификациско коло помеѓу екипите на Вардар и Апоел, кој се одигра на арената “Филип Втори“ , бил трет најпосетен дуел. Мечот кој заврши без победник(1:1) се играл пред околу 22.540 гледачи, што се најде на третото место на посетеност во втората  квалификациска рунда од лигата на Шампионите. Арената по подолго време беше исполнета, шпто доликуваше на еден клуб како Вардар.

Јужната и северната трибина речиси и да беа распродадени во најголем дел. Од западната трибина, Комити беа собрани и присутни исто така во голема бројка. Втор најпосетен дуел бил помеѓу Карабах и Рудар Пљевља ( 28.854) а првото место го држи „Селтик парк“ со близу 38.000 гледачи, на натпреварот меѓу Селтик и Стјарнан. Се надеваме дека во претстојната сезона, ќе гледаме многу повеќе публика присутна на мечевите на нашиот шампион.