Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Моќен, силен и страшен Вардар
Моќен, силен и страшен Вардар

Моќен, силен и страшен Вардар

Ракометниот шампион на Македонија, екипата на Вардар втор ден тренира во С.Ц. Јане Сандански и полека се загрева за новите предизвици кои им претстојат во сезоната која доаѓа. Можеби никогаш посилен, составот предводен од Раул Гонзалес започна да работи во силно темпо. Клубот е малку поразличен од претходните две сезони, откако стана сопственик господинот Самсоненко.

Екипата ја засилија пет нови врвни и докажани играчи. Ако на нив се додаде и Блаженко Лацковиќ кој го пропушти најголемиот дел од минатата сезона, тогаш е реално очекувањата и амбициите на навивачите и клубот да бидат поголеми. Претходните две сезони, секогаш се наоѓаше дефицитарна позиција, на која не располагавме со потребниот број на квалитетни ракометари. Се случуваа неочекувани повреди, заради кои не бевме во можност многу да ротираме. Можеби пократката клупа и помалиот број на играчи, беше главен фактор за испаѓањето во 1/4 рунди против Фленсбург и Киелце. Такви проблеми не би требало да имаме за оваа сезона. Секоја позиција е максимално исполнета со доволен број на квалитетни поединци.

Голманското трио останува исто Штербик-Ангелов и Милиќ ќе бидат задолжени за голот. Душебаев конечно доби играч, но и свој сонародник од Шпанската репрезентација, кои ќе бидат задолжени за постигнување голови од десната страна. Македа е далеку поискусен и физички посилен, но младоста и брзината на Душебаев се негови главни одлики. Гонзалес ќе има двајца одлични шутери и тешко ќе биде да се одлучи со кого ќе тргнува во нападот на таа страна. Македа е сигурно подобар во одбрана, а Душебаев ја има брзината и силниот удар. Циндриќ е ракометарот кој ќе го замени Прибак на среден бек и заедно со Карачиќ ќе ја организираат играта на тимот. Лука има брзи продори и движења, кои се неочекувани и незгодни за противничките одбрани. Карачиќ, секоја година е се подобар и нема да биде чудно ако биде главниот играч на Вардар оваа сезона.

Леви бекови имаме и повеќе од доволно и можеби на таа позиција сме најдобро покриени. Горбок, Лазаров и Лацковиќ ќе бидат посилни за младиот Деревен, кој располага со висок скок и силен удар. Александер беше најдобар стрелец за Рускиот шампион(Медведи) во ЛШ, минатата сезона. Најдоброто Македонско крило, Манасков по одличната полусезона во бундес-лигата, ќе претставува силно засилување. Заедно со Дибиров, ќе ја сочинуваат можеби и најдобрата лева крилна позиција во Европа. Двајцата се многу различни играчи и секој има свој стил на игра, но и удари кон голот. Високиот и можеби најкорпулентниот играч моментално кај црвено-црните, Марсениќ стигна како замена за Чипурин и засилување на пикерската позиција. Тоскиќ и Стоилов ќе имаат одлична поддршка за еден од најмладите и перспективни српски играчи во овие моменти.

Далеку посилна и поквалитетна ќе биде поставена и одбраната, која можеби е најсилното оружје за една екипа. По повредата на Лацковиќ, Абутовиќ некако беше осамен во таа линија и заедно со Тоскиќ го носеа најголемиот товар. Сега ги имаме Македа, Марсениќ и здравиот Лацковиќ, кои би требало и да ја сочинуваат таа главна алка во дефанзивата. Се на се силен, квалитетн и моќен Вардар, кој треба да го нападне местото на завршниот турнир во Келн. Домашното првенство и куп, како и Балканската лига се обврска да се освојат. Учеството на најдобрите четири екипи во Европа е уште поголем мотив и потик за добра сезона. Доволно сме силни за да можеме да се носиме на сите четири фронта.