Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и реми за ФК Вардар генер.2010 во дуелите со ФК Кул
Победа и реми за ФК Вардар генер.2010 во дуелите со ФК Кул

Победа и реми за ФК Вардар генер.2010 во дуелите со ФК Кул

Денес, ФК Вардар генерација родени 2010 и помали одиграа натпревари од Детската лига. На терените на ФФМ, играчите на Илија Колевски имаа двомеч со тимот на ФК Кул, во кој дојдоа до една победа и одигаа еден реми дуел.

ФК Вардар-2 го совлада со 4-1 тимот на ФК Кул-2. Тргнавме на старот  многу силовито, со голем број на шанси на самиот почеток. Петар Васовски двапати извлезе очи во очи со голманот на ривалот, Калин Крстевски кој беше поуспешен во дуелот. Ние имавме далеку повеќе посед во првиот дел кој за жал заврши со почетните 0-0. Уште три прилики имавме за погодок кои не ги претворивме во водство. Најпрвин  Гечев Драган се обиде, потоа и Лозанов Давид не успеа да погоди. Последна прилика со удар од дистанца имаше Благојче Седлоски. Сепак на одмор отидовме со “празни мрежи“.

ty2-2
Вториот дел не започна најдобро за нас, бевме казнети за големиот број промашувања во првиот период, противникот отвори со гол за 0-1. Сепак веднаш се сосемавме и преку Петар Васоски успеавме да ја вратиме резултатската симетрија, тој погоди за 1-1. Само минута потоа Гечев Драган се снајде најдобро пред противничкиот гол, тој  стрелаше за целосен пресврт, односно наше водство со 2-1. Противникот се закани 2-3 пати сериозно, но на нашиот гол Огнен Сивевски правеше чуда. Имавме два обиди со удар од дистаница, најпрвин шутна Македон Симев, а потоа ударот си го проба и Јосифовиќ. Во финишот на средбата на сцена стапи Седлоски Благојче, тој погоди двапати инзворедно. Со неговите два гола дојдовме до убедлива победа со 4-1 на оваа средба.

ty4

Во другата средба одигравме реми 2-2, екипата на Вардар(1) генерација родени 2010 се сретна со тимот на ФК Кул-1. Дуелот заврши со резултатска симетрија која беше на сила уште по крајот на првиот период. Имавме доста прилики и за победа, но среќата не беше на наша страна при нашите обиди. Па така иако доминиравме моравме да се задоволме со нерешен исход на оваа средба.

Првиот дел започна со наша иницијатива која беше наградена со гол за водство. По одлична асистенција на Далибор Марковиќ, “егзекутор“ беше Стефан Ристиќ тој стрелаше за отварање на резултатот и предност со 1-0. Успеавме во продолжение и да ја удвоиме предноста преку Матеј Чедевски, тој исто така како и при првиот гол доби асистецнија од Марковиќ Далибор и ја претвори во погодок за 2-0.

Ние го пропуштивме водството кое го стекнавме на почетокот на дуелот. Екипата на ФК Кул успеа да намали на 2-1, а потоа и да изедначи на 2-2. Со овој резултат заминавме на одмор на оваа средба. Во вториот дел двете екипи имаа прилики, сепак ние имавме далеку повеќе шанси. Сепак немаше погодок, се одигра еден црвст дуел. На крајот резултатот од пред одморот 2-2 се покажа како конечен.