Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мицевски прв стрелец во тимот на Вардар!
Мицевски прв стрелец во тимот на Вардар!

Мицевски прв стрелец во тимот на Вардар!

Тимот на Вардар им се врати на победите во ПМФЛ. Вчера играчите на Васоски го добија тешкиот натпревар против градскиот ривал и се одлепија на комотни единаесет бодови предност.

Творец на победата вредна три бода беше Дарко Мицевски. Мицевски стрелаше прецизно од пенал и не само што му донесе на нашиот тим нови три бода на домашен терен, туку и се промовираше во прв стрелец на тимот, нешто што се чекаше долго време.

Со вчерашниот гол, Мицевски дојде на бројка од пет погодоци. Сега зад него останува Брдаровски, кој има четири.

Топ три листа на стрелци:
Мицевски (5)
Брдаровски (4)
Лира (3)