Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > Ништо од дербито, пом.пионери на ФК Вардар со пет гола ја „преслушаа“ Победа
Ништо од дербито, пом.пионери на ФК Вардар со пет гола ја „преслушаа“ Победа

Ништо од дербито, пом.пионери на ФК Вардар со пет гола ја „преслушаа“ Победа

Денес на теренот на Академијата се одигра дербито во помладата пионерска-супер лига помеѓу екипите на Вардар и Победа. Ова беше дуел на првите две пласирани екипи на табелата, но Вардар полесно од очекувањата славеше на овој дуел со резултат 5:0.

54522801_2114250905288411_6733630322006556672_n

Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски (c), Ѓорѓоски, Давков, Сељанац, Јовановски, Давидовски, Тасески, Стојчевски, Живков, Мирков, Стојановски

Првиот опасен удар го имаше екипата од Прилеп, кога еден од нивните играчи биеше од околу 20.метри, но Лука Стојковски со одлична интервенција спаси негатива за својот тим. Вардар имаше целосна иницијатива и сите дилеми за победникот ги реши уште во првите 45 минути. Првата шанса црвено-црните ја имаа преку Стојановски кој на асистенција од Јовановски бие, но брани голманот на Победа. Истиов играч, Георг Стојановски успеа да му донесе водство на Вардар од 1:0, откако упати еден прецизен удар по земја, голманот на Победа се обиде да интервенира, но на крајот беше принуден да ја вади топката од својата мрежа.

53483069_2114251085288393_7828159401172140032_n

После отварање на резултатот се закани и Мирков, но одбрани противничкиот чувар на мрежата. Избраниците на Деспотовски беа во целосен налет кон противничкиот гол, голема шанса имаше Славче Живков кој бие откосо, но за среќа на Победа ја погоди само пречката. Сепак Вардар успеа да постигне втор гол и да поведе со 2:0, откако при една мешаница во противничкиот шеснаесетник најдобро се снајде Георг Стојановски, кој погоди за водство од 2:0. До крајот на првиот дел уште еден гол во противничката мрежа, во листата на стрелци се запишува Андреј Стојчески кој зголеми на 3:0.

54279556_2114251095288392_3417967336735375360_n

Вардар имаше целосна доминација и контрола на играта и во второто полувреме, Победа изгледаше незабележителна на теренот, а избраниците на Деспотовски беа решени да постигнат уште некој гол. Тоа се случи по само шест минути игра во вториот дел кога прв гол денес постигнува и Антонио Мирков кој од непосредна близина бие силно во горниот голмански агол, што значеше и предност на Вардар од 4:0.

54521592_2114250881955080_691568182233661440_n

Можевме набргу да го зголемиме резултатот, но Стојановски ја погоди само стативата. Продолжи пресингот на црвено-црните, можност за хет-трик имаше Гео, кој изби сам со голманот, шутираше, но одбрани голманот на Победа и спречи поголема негатива. Во шанса се најде и Живков, но без реализација. Тренерот Деспотовски шанса за игра им даде на сите играчи кои денес му беа на располагање. Во игра влегоа Трпезановски, Марковски, Јовчев, Саит, Лозановски и Исмаиљи. Нова одлична акција на Вардар, Живков проигра до Георг Стојановски, кој не греши и со својот хет-трик му донесе предност на својот тим од високи 5:0. Се закани конечно и гостинот од Прилеп и тоа од прекин, но на место е Стојковски. До крајот на мечот немаше некоја посериозна шанса за гол, главниот судија отсвири крај на мечот, Вардар славеше во големото дерби во помладата пионерска-супер лига.

Со овој триумф Вардар се одвои на врвот на табелата со 3 бодови повеќе од Победа и дури 7 повеќе од екипите на Работнички, Шкендија и А.Пандев.