Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар непоразен во Тетово, два „проектили“ на Барсегјан и Попов
Вардар непоразен во Тетово, два „проектили“ на Барсегјан и Попов

Вардар непоразен во Тетово, два „проектили“ на Барсегјан и Попов

Вардар се враќа од Тетово непоразен. Попладнево во еден доста интересен натпревар со четири голови, еден пенал и еден црвен картон, Вардар и Шкендија ги поделија бодовите и игра 2:2 (0:1). Головите за нашиот тим ги постигнаа Барсегјан во првиот и Попов во вториот дел.

Одличен резултат по првиот дел имаше нашиот тим. По само пет минути игра, Тигран Барсегјан со одличен “бомба” удар од околу 25-метри го совлада немоќниот Захов за голема радост и предност на Вардар од 0:1. По голот, Вардар тргна уште по убедливо и во следните десет минути имаше уште неколку шанси и за втор гол. По 20. минута нашиот тим се затвори комплетно и му дозволи на домаќинот на прави шанси пред голот на Гачевски. Во 14. минута Тошевски направи пенал, Ибраими ја зеде топката биеше, но за наша среќа само во стативата. До крајот на првиот дел Вардар имаше уште една убава шанса преку Попов, но нашиот капитен од неколку метри биеше само во добро поставениот блок на домаќинот.

fkv

Во вториот дел тргнавме со истиот тим како и на почетокот на дуелот. Во 54. минута Вардар направи многу наивен фаул, тоа умешно и овој пат знаеше да го искористи Ибраими кој од 22-23 метри од слободен удар биеше прецизно за 1:1. Во 63. минута поради приговор Алими доби втор жолт картон и автомацки црвен. Во 70. минута Васоски ја направи првата замена, во игра влезе Јован Попзлатанов, на местото на Матеј Цветаноски. По црвениот картон, Вардар почна да ја држи топката во свој посед, се обиде на два наврати преку Попов и Тошевски, но и двата удари беа крајно непрецизни. Во 72. минута Барсегјан имаше добра прилика да го постигне и својот втор гол денеска, но биеше над голот на Захов. Место Вардар, даде гол домаќинот, во 74. минута Бојку постигна гол за 2:1. Во 78 влезе и Бериша на местото на Јуфо. Гооол, со уште едно ремек дело, во 84. минута Попов стрела прецизно за 2:2. Кон крајот на дуелот во игра влезе и Најдовски на местото на Мицевски. Со резултат 2:2 заврши дуелот.