Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васовски: Бод од Тетово со екипа актуелен шампион е добар старт
Васовски: Бод од Тетово со екипа актуелен шампион е добар старт

Васовски: Бод од Тетово со екипа актуелен шампион е добар старт

Вардар со бод се враќа од тешкото гостување во Тетово. На стартот од новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ, Вардар и Шкендија одиграа со нерешен резултат (2:2). Иако Вардар имаше предност од 0:1 по првото полувреме, во вториот дел, домашниот тим да направи целосен пресврт, но Попов со одличен гол, донесе бод од овој дерби меч. Како го виде Васовски овој дуел, во изјава за официјалната страна на клубот:

-Бод од Тетово со екипа актуелен шампион е добар старт. Генерално сум задоволен, но има простор за напредок. Дадовме први гол, и потоа имавме неколку ситуации за втор гол каде што недостасуваше тоа завршно додавање. Шкендија имаше пенал кој не го реализираше, а потоа примивме еден гол по индивидуален потег. не требаше да го примиме тој втор гол во ситуација кога имавме играч повеќе на теренот. Недозволиво реагиравме, и тука мораме да се подобриме и ќе работиме на тој план. Не се предававме, постигнавме гол и мислам дека заслужено дојдовме до бод. Сега добро ќе се одмориме и ќе се подготвуваме за следниот натпревар повторно во Тетово против Ренова. Сметам дека има некои работи кои треба да ги задржиме, а оние кои беа лоши треба да ги подобриме и ќе работиме напорно за да ги отстраниме грешките, истакна Васовски.