Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против Лајпциг, за третото место на турнирот во Германија
Вардар против Лајпциг, за третото место на турнирот во Германија

Вардар против Лајпциг, за третото место на турнирот во Германија

Денес со почеток од 13:15 часот, вардарци го играат последниот натпревар на турнирот “Хеиде Куп“. Во борбата за пласман на третото место, црвено-црните за противник го имаат бундеслигашот, тимот на Лајпциг.

Двете екипи имаа по една победа и пораз на турнирот. Познато е дека Вардар во првото коло беше поразен од Хамбург (25:31), додека во текот на второто коло убедливо ја совладавме екипата на Фуксе Берлин (31:24). Лајпциг пак, на стартот од турнирот загуби од Монпелје (20:29), додека на вториот дуел го совладаа тимот на Хамбург (37:18).

Лајпциг ќе биде третиот противник од Германија за Вардар на овој силен меѓународен турнир. Избраниците на Парондо во дуелот против Берлин, покажаа дека првиот меч на турнирот беше само лош ден, па играше еден сосема поинаков Вардар, каков што сме навикнати да го гледаме.

Натпреварот, Вардар со Лајпциг можете да го погледнете на линкот,ТУКА.