Финалниот натпревар за кадети во Купот на Република Македонија се одигра на 26 мај 2015. Црвено -црните во овој дуел однесоа победа од 1-0. Тие во финалниот дуел го совладаа тимот на ФК Работнички. Вардаровите кадетите беа предводени од Љупчо Марковски-Калц. Погодокот падна во првиот дел, се играше 15 минута кога Есмин Личина со еден прекрасен удар од околу 25 метри успеаа да ја затресе мрежата на противникот и да донесе предност за својот тим што се покажа како пресудна. Боите на вардарци на овоиј дуел ги бранеа: Трајчевски, Ричков, Исмаил, Цукалевски, Јошевски, Личина, Мамути, Димитровски, Димков, Беќири, Даци.
Следниот ден имаше дуел во финалето Куп на Р.М. во категорија “помлади пионери“. Оваа старосна категорија се сретна со нивните врсници од тетовска Шкендија. Во регуларниот дел дуелот заврши без постигнат погодок 0-0, по што се отиде на изведувањето пенали. Црвено-црните помлади пионери дојдоа до трофеј со конечни 9:8. Со оваа генерација претходно во купот остваривме четири победи и ниеден неуспех. Во ова натпреварување постигнавме 12 голови, а примивме само еден гол во нашата мрежа и тоа оној во полуфиналето против Македонија Ѓ.П ,кога беше 4:1 за црвено-црните.