Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Златните и надежни момчиња“ на Кралевски ја одбележаа 2015 година
“Златните и надежни момчиња“ на Кралевски ја одбележаа 2015 година

“Златните и надежни момчиња“ на Кралевски ја одбележаа 2015 година

Решивме да направиме избор за Вардарова екипа која ја одбележа 2015 година. Нашиот избор отпадна на Фк Вардар генерација “2006“ која ја предводи тренерот Игор Кралевски. Добрите резултати во детската лига и освојувањето на првите места во есенскиот дел, но и четирите први и едно второ место од младинските фудбалски турнири беше пресудно овие златни момчиња да го заслужат ова признание од наша страна. Исто така беа дел од натпреварите во “Вардар Јуниор“ лигата. Во детската лига се натпреваруваат две екипи на оваа златна и надежна категорија.

Фк Вардар (1) оствари шест победи и два нерешени резултати, без ниту еден неуспех. Вкупно постигнаа 32 голови, а примија 7 погодоци. Убедливо најдобар стрелец е Давид Голубов кој има постигнато повеќе од половината голови за својот тим, или вкупно 21 погодок зад неговото име. Ви ги презентираме сите нивни резултати во есенскиот дел од сезоната.

1 коло: Вардар- Башкими  8:0

2 коло: Вардар- Њу Старс  3:2

3 коло: Вардар- Форца  1:1

4 коло: Вардар- Работнички  7:1

5 коло: Вардар- Албарса  1:1

6 коло: Вардар- Скупи  2:1

7 коло: Вардар- Риниа  4:0

8 коло: одложено

9 коло: Вардар- Нови Лисици  6:1

Фк Вардар (2) исто така имаше одлични резултати во овој дел од сезоната. Остварија шест победи и еден нерешен резултат. Постигнаа 22 а примија само 4 голови. Михаил Танчев е најдобар стрелец со 10 постигнати голови. Втор најефикасен играч е Ангел Крстевски со 6 погодоци зад неговото име.

Сите резултати во детската лига за оваа екипа:

1 коло: Вардар- Викторија 3:0

2 коло: Вардар- Њу Страс  4:0

3 коло: Вардар- Кул  3:2

4 коло: Вардар- Работнички  5:1

5 коло: Вардар- Албарса  1:0

6 коло: слободни

7 коло: Вардар- Милано  1:1

8 коло: одолжено

9 коло: Вардар- Маџари 5:0

Ретко која младинска екипа во Европа може да се пофали со освојување на четири последователни турнири и едно вицешампионско место за помалку од три месеци. Овој подвиг го направија генерација “2006“, по што повеќе од заслужено ја одбележаа изминатата година во црвено-црното семејство.

vardarfans-prvo-mesto-za-gener-20061

Походот кон собирањето на трофеи од турнирите, избраниците на Кралевски го започнаа од првиот меѓународен турнир “Кул Куп 2015“ кој се одржуваше во скопските населби Карпош и Кисела Вода. Со вкупно шест победи и ниту еден пораз, црвено-црната машинерија на Кралевски се најде на тронот. Во големо финале беше падна силниот тим на Краљево (5:1) , кој немал доживеано пораз во претходните четири години. Најдобрите играчи на овој турнир Давид Голубов и Давор Лефковски на крајот се најдоа во идеалниот тим. Следниот предизвик за црвено-црните беше турнирот кој се одржуваше во с. Стајковци во балонот “Вембли“ по повод 13 ноември, во организација на фудбалскиот клуб Смиљковци. Четири победи од исто толку одиграни натпревари го сместија Вардар на “пиедесталот“ по неговото завршување. Во финалниот меч ја победивме екипата на Фк Смиљковци со резултат 3:1. Најдобар стрелец на турнирот во генерација “2006“ беше Давид Голубов, а за најдобар голман Андреј Данстак Данчевски.

vardrafans-heroite-na-kralevski2-660x330

Градот Охрид беше следната дестинација и турнир за нашите млади момчиња, кои беа цврсто решени да го продолжат победничкиот марш. Избраниицте на Игор Кралевски на супериорен начин го освоија првото место на овој турнир. Во големото финале “падна“ и екипата на Форца (8:1), по што црвено-црните се искачија на тронот, со вкупно шест победи. Играчот кој недостасуваше на претходните натпревари, на најдобар можен начин го затвори овој турнир. Давор Лефковски беше играч број еден во Вардаровиот состав и најзаслужен за новиот трофеј од младинските турнири. За најдобар стрелец на турнирот заслужено беше прогласен Вардаровиот голгетер, Давид Голубов кој постигна вкупно 11 гола. Вооедно ова беше и трето вакво признание за врвниот голгетер.

vardarfans-gener-2006-osvoi-nov-turnir-660x330

Спортскиот центар Јане Сандански беше местото каде младите Вардарци ја потврдија доминацијата од младинските турнири.   На турнирот на нoвинари во спортскиот центар Јане Сандански организиран од спортското радио 90.3, нашите надежи на крајот го освоија првото место. Во финалето бевме подобри од тимот на Кул (1:0), а “чудото од дете“ Давид Голубов го постигна единствениот гол. Настанот во организација на општината “Гази Баба“ беше последниот турнир за изминатата 2015 година. На него нашата генерација го освои второто место, откако во финалето бевме поразени од тимот на Форца. Претходно забележавме три големи победи. На крајот за најперспективен млад играч во својата генерација беше избран Давид Голубов., кој воедно беше и најефикасен играч во својата екипа.

vardarfans-generacija-2006-osvoi-turnir-660x330

Тренерот Кралевски сигурно еден од најзаслужните за добрите резултати и игри на оваа генерација, откако ја презема од тренеското место на најмладата Вардарова генер“ 2007“. Освојувањето на детската лига ќе биде следниот предизвик за момците родени “2006“ година, како и продолжување на добрите резултати од турнирите на кои ќе учествуваат во новата година.

Звонко Ивановски