Почна новата 2016 година, а први “мразот ќе го скршат“ избраничките на Индира Кастратовиќ со меч во ЕХФ Лигата на Шампионите. Тој меч е закажан за на 9-ти јануари 2016 , против екипата на ЦСМ Букурешт. Дуелот ќе се одигра во нашиот храм Спортскиот Центар “Јане Сандански“, а почетокот е закажан за во 17 часот и 30 минути.
Девојките на Вардар со овој дуел започнуваат со одигрувањето на натпреварите од Главната фаза во Лигата на Шампионите. Во другите два домашни меча во групата следуваат дуели каде ќе се сретнеме и со екипите на Савехоф, тој е закажан за 6-ти фебруари и Будуќност, мечот со црнагорките е закажан за на 21-ви февруари. Девојките атакуваат на повторен пласман во Ф-4, а надежта годинава е од третиот обид да ја освоиме круната во женска конкуренција на “Стариот континент“. За повеќе информации на фановите околу билетите за мечот со ЦСМ Букурешт може да се инфорирате – ТУКА.