Денес, кадетскиот и младинскиот тим на ФК Вардар беа домаќини на Работнички во дуелите од нивните конкуренции. Момците на Филип Деспотоски на мечевите кои се одиграа на Арената на ФК Вардар забележаа порази.
Кадетите на ФК Вардар во градското дерби беа поразени со минимални 0-1 од Работнички. Црвено-црните мечот го започнаа со овој состав: Китановски, Петејчук, Асани, Радуловиќ-Величковиќ, Крстевски, Ѓурковски, Хасани, Омерагиќ, Речица, Демири и Гугуљанов.
Натпреварот го реши еден потег со кој противникот дојде до „цел плен“. Првиот дел заврши со почетните 0-0, мрежите на Китановски Кристијан и Николовски Иван и покрај обидите на двата напада мируваа. Победникот беше решен на 20-сетина минути до крајот. Капитенот на црвено-белите, Станковски Лука погоди за 0-1 во 71.минута резултат со кој Работнички дојде до победа на оваа средба.
Младинците на Вардар во еден поефикасен дуел од кадетскиот исто така претпеа пораз. Работнички дојде до гостинска победа со резултат 1-3 (0-1). Вардар го започна мечот со: Андов, Зендели, Мирчевски, Костовски, Мицевски, Манасиевски, Цури, Хасановиќ, Рушити, Ристовски и Трајановски.
Првиот дел заврши со минимална негатива за црвено-црните. Погодокот за 0-1, резултат со кој се отиде на одмор беше постигнат во 22.минута. Ние на самиот почеток на вториот дел во 48.минута успеавме да изедначиме на 1-1 и да се вратиме во игра. Стрелец на голот за црвено-црните беше Хасановиќ Малик. Сепак противникот со два гола потоа успеа да дојде до цел плен на овој младински дуел. Романтичарите победија со резултат 1-3 на ова градско дерби.