Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Работнички ја „скрши“ непобедливоста на вардаровите пионери, пом.пионери ги поделија бодовите
Работнички ја „скрши“ непобедливоста на вардаровите пионери, пом.пионери ги поделија бодовите

Работнички ја „скрши“ непобедливоста на вардаровите пионери, пом.пионери ги поделија бодовите

Денес на теренот на Алимуна, во рамките на 5.првенствено коло, пионерските екипи гостуваа на екипата на Работнички.

Помладите пионери на Вардар и Работнички одиграа со нерешен резултат 1:1. Уште во првата минута од натпреварот екипата на Работнички успеа да го отвори резултатот на 1:0. Долго овој резултат беше актуелен се до 72 минута од дуелот, кога израмнување за Вардар донесе Давид Љушев.

Вардар: Ангелов, Павлески, Ричков, Јаневски, Милошевски, Љушев, Стојановски, Хајдари, Ибраим, Здравковски,Гуџуфи.

Пионерите на Вардар за жал го претрпеа првиот пораз сезонава, откако загубија на гостувањето кај градскиот ривал. Иако Вардар поведе со голот на Антонио Мирков, сепак тоа до крајот не им донесе ниту бод. До крајот на првото полувреме, домашниот тим го израмни резултатот на 1:1, за во вториот дел со уште еден гол во нашата мрежа, да ги постави конечните 2:1 на овој дерби дуел од пионерската-супер лига.

Грубиот фудбал на овој меч и провокациите доведоа на крајот да има и црвени картони. Кај Вардар предвреме мечот го завршија Сељанац, Давков и Јовановски

Вардар: Јовчев, Јовановски, Ѓорѓиевски, Сељанац, Давков, Давидовски, Тасевски, Живков, Андрески, Стојановски, Мирков