Иван Чупиќ ја игра својата петта сезона во дресот на Вардар, екипа со која успеа на два пати да ја освои Европската титула.
Минатата сезона беше за него најуспешна, што се однесува до бројот на постигнати голови во една сезона. Чупиќ успеа да постигне вкупно 76 голови, и да ја има најдобрата сезона во својата долга играчка кариера.
Дуелот во сабота со Веспрем може да биде јубилеен за Чупиќ, кој може да стигне до бројката од 200 голови во Лигата на Шампионите, за екипата на Вардар. До пред одигрување на 5.коло во ЛШ, десното крило на Вардар има постигнато 195 голови, па лесно може да се случи во следното коло да ја надмине бројката од 200 голови во црвено-црниот дрес.