Кадетите на Вардар Јуниор немаат проблеми да победуваат ниту во младинската лига. Попладнево во малата сала на С.Ц. Јане Сандански избраниците на Будимир и Станковски ја „преслушаа“ и екипата на Радовиш.
Екипата на Радовиш играше само во првите пет минути кога и имаше водство од 3:4, се до крајот на дуелот играше само една екипа, а тоа беа Вардар Јуниор. Натпреварот со гол го отвори Давид Савревски, за противникот да врати со два гола во серија и да поведе со 1:2. Киселовски и Чакалиќ донесоа израмнување на 2:2 и 3:3, додека Благој Димчевски беше играчот кој донесе второ водство за црвено-црните на овој дуел од младинската лига. Како што напоменавме, последното водство гостинот од Радовиш го имаше во 5.минута од дуелот, а потоа тргна страшна серија на Вардар Јуниор од 8:0 за во 13 минута од натпреварот да имаат висока предност од 11:4. На голот се разбрани, додека во нападот погодувавме преку различни играчи, во овој дел од дуелот најчесто во листата на стрелци се запишуваа Чакалиќ, Киселовски, Димитријески и Калајџиески.
Петтиот гол екипата на на Радовиш го постигнува во 14.минута од дуелот, а до крајот на првото полувреме успеаа да постигнат само уште еден скромен погодок во нашата мрежа. Вардар Јуниор повторно направи голема серија, едноставо бевме пресилни за противникот, нашата одбрана беше на високо ниво, додека во контра-напад реализиравме брзи голови. Одбраната на противникот немаше одговор за расположените беков, Чакалиќ и Киселовски, кои го „торпедираа“ голот на Радовиш. При резултат 13:5, избраниците на Будимир постигнаа дури 10 последователни голови, за зголемување на 23:5. До крајот на првиот дел видовме по уште еден гол во двете мрежи, за резултат 24:6 на полувреме.
На стартот на вториот дел, екипата на Радовиш ја намали негативата на 25:9, но црвено-црните вратија со серија и со два последователни голови на Савревски и еден на Димитријески имаа предност од 29:9 во 36 минута од мечот. Вардар Јуниор продолжи да го гази противникот и во вториот дел, во контра погодивме преку Миндошев кој зголеми на 36:10, додека на голот неколку одбрани забележа и Давид Стојкоски. Прашање беше само со кој резултат ќе заврши натпреварот. Будимир од клупата им даде шанса за настап на сите играчи, кои имаат свој придонес во оваа голема победа на Вардар Јуниор. Трајчевски и Миндошев погодија во нови контра напади, за резултат 42:12 во 55 минута од дуелот.На крајот конечниот резултат гласи 47:16.
Леонид Киселовски имаше 6 голови, додека по 5 имаа Давид Савревски и Дамјан Димитријески. Сите играчи освен голманите и Мишевски се запишаа во листата на стрелци. Голманите беа на своето ниво, одличен беше Давид Стојкоски со дури 21 одбрана, додека Христијан Михајловски имаше 5.