Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гугуљанов и Гуџуфи дебитираа и погодија од белата точка, за пласман на Вардар во следната рунда од Купот
Гугуљанов и Гуџуфи дебитираа и погодија од белата точка, за пласман на Вардар во следната рунда од Купот

Гугуљанов и Гуџуфи дебитираа и погодија од белата точка, за пласман на Вардар во следната рунда од Купот

Екипата на ФК Вардар успеа да избори пласман во 1/8 на националниот Куп, откако вчера на теренот во Гостивар го елиминираше тимот на Вардар Форино.

Патникот во следната рунда беше решен дури после изведување на удари од белата точка, откако натпреварот во регуларниот дел заврши со нерешен резултат 2:2. Вардар беше подобар после ударите од белата точка, со резултат 8:9.

И на овој дуел шефот на стручниот штаб, Александр Васоски, шанса им даде на младите играчи. Можноста да дебитираат на официјален натпревар имаа Петар Гугуљанов (2002) и Бесар Гуџуфи (2004). Истите во игра влегоа во вториот дел од натпреварот и беа „актери“ во пенал серијата, во која и двајцата успеаа да го совладаат противничкиот чувар на мрежата.

Гугуљанов оваа година дебитираше и во националниот дрес, додека Гуџуфи беше стандарден во својата возрасна категорија.