Сергеј Горбок кој во три сезони ги бранеше боите на Вардар, се реши да стави крај на својата играчка кариера. Неговото најголемо достигнување го направи токму во Вардар, кога минатата година успеа да ја освои Европската титула.
Беше дел и од СЕХА-лигата, каде успеа да постигне вкупно 99 голови. Медија тимот на СЕХА изработи посебно видео и му се заблагодари што беше дел од големиот Вардар, клуб кој со пет трофеи е најтрофеен во лигата.