Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Матеј Митревски и Марко Николовски дебитираа за првиот тим на ФК Вардар
Матеј Митревски и Марко Николовски дебитираа за првиот тим на ФК Вардар

Матеј Митревски и Марко Николовски дебитираа за првиот тим на ФК Вардар

Двајца нови играчи кои доаѓаат од младинската школа на клубот, го имаа своето деби на официјален натпревар за сениорската екипа на ФК Вардар. Во рамките на последното коло во ВМФЛ, црвено-црните беа поразени на гостувањето кај екипата на Кожуф со резултат 3:1.

Матеј Митревски (2005) и Марко Николовски (2006) се новите играчи кои сезонава добија шанса од Бобан Грнчаров да дебитираат за сениорскиот тим. Во стартниот состав се најдоа Огнен Здравковски (2004), Горјан Цветков, Марко Стојилевски, Ѓорѓи Дошев, Тино Спасиќ (2005), додека во второто полувреме своја минутажа имаше и Максим Бундалески (2005).