Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Величковски дебитира за У15 селекцијата, меѓу повиканите за дуелите со Кипар е и Цветков
Величковски дебитира за У15 селекцијата, меѓу повиканите за дуелите со Кипар е и Цветков

Величковски дебитира за У15 селекцијата, меѓу повиканите за дуелите со Кипар е и Цветков

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години се наоѓа во Кипар, каде ќе одигра два контролни натревари со соодветната селекција на оваа земја.

Селекторот на оваа селекција, Тони Јакимовски за овие дуели повика двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за капитенот на генерација 2005 на Вардар, Никола Величковски, за кој ова е прв повик во националната селекција, а меѓу повиканите е и Горјан Цветков, кој веќе има забележано настапи за Македонија.

Денес го одигравме и првиот контролен дуел со селекцијата на Кипар, кој заврши со нерешен резултат 1:1. Стрелец на единствениот гол за Македонија, беше Арбин Курти, инаку играч кој премина во Академијата на ФФМ токму од редовите на Вардар. Инаку дел од селекцијата се и Фидановски, Апостоловски и Здравковски, кои во јуни следната година треба да се вратат во Вардар.