Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со подобра игра и пресврт во вториот дел успеа да ја совлада Војводина
Вардар со подобра игра и пресврт во вториот дел успеа да ја совлада Војводина

Вардар со подобра игра и пресврт во вториот дел успеа да ја совлада Војводина

Вардар со пресврт во вториот дел и подобра игра успеа да го совлада тимот на Војводина и на тој начин да стигне до седмата победа сезонава во СЕХА-лигата.  Со оваа победа обезбедивме директен пласман во четврт-финалето.

Во почетните седум минути од мечот, вардарци имаа предност која не беше повисока од еден гол, а последната позитива ја имавме кога погоди Атман, за резултат 4:5. Истиов играч ни донесе и израмнување од 6:6, за екипата на Војводина да влезе во серија од три последователни голови и за прв пат да има предност од 9:6. Брзо ја анулиравме негативата, врзавме три гола, преку Калараш, Дибиров и Атман, па во 13.минута резултатот на семафорот гласеше 9:9. И на овој дуел ја немавме онаа препознатлива одбрана која го красеше Вардар во минатите сезони, додека и на овој меч немавме голманска помош, односно на полувреме нашите голмани имаа само една интервенција, истата ја забележа Гедбан, откако започна младиот Гогов, кој не успеа да скроти ниту еден удар. Под вакви околности воопшно не беше изненадување, што на полувреме имавме четири гола негатива, иако Војводина во првиот дел стигна и до највисоки пет голови разлика (18:13) во 22 минута. Се обидувавме да се вратиме во игра, но тешко одеше, едноставо нашата одбрана не функционираше, противничките играчи лесно влегуваа во удари за погодок, сето тоа го користеа максимално, па на полувреме, домаќинот беше во предност од 20:16.

Младиот Ален Ќосевски играше на десната крилна позиција, со оглед дека Чупиќ беше на десен бек. Токму Ќосевски ги постигна првите два гола во второто полувреме, со кои намали на 22:19. Втората одбрана ја бележиме дури во 37 минута, но и понатаму нашата одбрана беше под своето ниво. Конечно, заигравме подобро успеавме да одбраниме два напади, а во напад реализиравме преку Дибиров и Атман, кои намалија на само еден гол негатива (24:23) беше резултатот во 40 минута. Продолжи нашата серија, веќе бевме во серија од 0:5, со што успеавме да поведеме. Најпрво, Ќосевски погоди од тешка позиција, додека Дибиров во контра даде гол за 24:25. Се разбрани и Гедбан, стигна до четвртата одбрана, која беше наградена со погодок на Скубе во 50 минута, за водство на црвено-црните од 28:30. Војводина влезе во грешки, додека ние не реализираме два напади во серија за предност од три гола. Гедбан успева да одбрани седмерец, а Атман со бомба удар зголемува на 29:32 на пет минути пред крајот. Скубе пропушти два зицери за предвреме да го решиме победникот, голманот на Војводина одлично одбрани го остави во игра својот тим. Во второто полувреме го запревме тимот на Војводина кој постигна само 13 голови. Чупиќ стави печат на победата, која беше изразена со резултат 33:35.

Дибиров постигна 11 голови, додека Атман имаше 10 погодоци.