Македонската фудбалска репрезентација до 19 години во текот на вчерашниот ден одигра контролен натпревар со соодветната репрезентација на Кипар, кој заврши без голови 0:0.
На овој натпревар кој се оидгра во Струмица во стартниот состав на Македонија У19 која е предводена од Неџат Шабани, се најде играчот на Вардар, Давор Серафимов кој одигра цел натпревар, додека во игра во второто полувреме влегол и стоперот Марко Стојилевски.
Утре со почеток од 15:00 часот, двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар.