Паузата во ВМФЛ поради настапи на македонската фудбалска репрезентација, екипата на ФК Вардар ја искористи да одигра пријателски натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П
Натпреварот кој вчера се одигра на стадионот во Ѓорче заврши со минимална победа на домашната екипа од 1:0. Според информациите, црвено-црните одиграле добар натпревар на кој имале неколку прилики да го загрозат противничкиот гол.
Како посериозни ќе ја издвоиме онаа на Дарио Десниќ кој ја погодил пречката од голот на противникот и обидот од слободен удар на Кристијан Николовски.
Тренерот Грнчаров натпреварот го започна со следните 11-сетмина: Гачевски, Вецески, Ристески, Глишиќ, Велковски, Мицевски (К), Јусуфи, Парталко, Десниќ, Христов и Јаневски.
Играа уште и Целески, Мишковски, Блажевски, Николов, Николовски, Папули, Цветков, Дошев, Величковски, Демир и Жоглев.