Денес во „Јане Сандански „ се играше мечот Вардар – Алкалоид, натпреварот почна со едноминутно молчење за ненадејно починатиот Андон Бошковски. На оваа средба до победа дојде Вардар со 28-25
Стартот на дуелот му припадна на Вардар, Мартин Томовски ја направи почетната разлика, врза неколку одбрани и вардарци во неколку наврати имаа по три гола предност. Со 12-13 со кои се замина на одмор.
Вториот дел продолжи во добро темпо, Алкалоид беше и натаму рамноправен, а домаќинот тежнееше кон тоа да се одлепи. По десетина минути изедначено надигрување, Вардар го направи потребниот исчекор. Томовски пак врза серија одбрани, од кои една двојна, а на спротивната страна погодуваа Манасков, Талески за прва предност од четири гола (21-17). Тоа го натера Кирил Лазаров да повика тајм-аут, а на него успеа да ги разбуди своите играчи. Алкалоид заигра како по ноти, направи серија од 5-0 и пресврт (21-22), а во последните десет минути од мечот се влезе со егал. Алкалоид успеа да дојде до два гола предност, меѓутоа истата не беше искористена и материјализирана бидејќи со грешки во нападот му дозволија на Вардар пак да дојде до израмнување (25-25). Сепак во финишот бевме пособри.