Генерациите на ФК Вардар родени 2005 и 2006 година претстојниов викенд ќе ги одиграат своите натпревари во рамките на 1/8 финалето од Купот на Македонија.
Генерацијата 2005 на теренот на Академијата во сабота ќе ја пречека екипата на Фортуна. Дуелот ќе стартува во терминот од 10:00 часот, а патникот во следната рунда од националниот куп ќе биде познат по само еден добиен натпревар.
Генерацијата 2006 во недела пак ќе гостува на екипата на Работнички. Натпреварот е закажан да започне од 09:30 часот на теренот на Локомотива и тука само еден натпревар ќе реши која екипа ќе ги продолжи настапите во купот на Македонија.