Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Тројца вардарци добија повик за настап во репрезентацијата У17, на квалификацискиот турнир во Полска
Тројца вардарци добија повик за настап во репрезентацијата У17, на квалификацискиот турнир во Полска

Тројца вардарци добија повик за настап во репрезентацијата У17, на квалификацискиот турнир во Полска

Македонската репрезентација до 17 години на 5. октомври заминува за Полска на квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза за Европско првенство. Нашата селекција ќе се соочи со репрезентациите на Полска, Белгија и Лихтенштајн.

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Горан Станковски за трите натпревари преку кои Македонија до 17 години ќе бара место во Елитна фаза квалификации за ЕП повика и тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Лука Стојковски, Филип Ѓоргоски и Андреј Стојчевски.

Македонската репрезентација отвора против домаќинот на турнирот, Полска на 9. октомври во Торун, на 12. октомври играме со Белгија, дедека три дена подоцна квалификацискиот турнир го затвораме против Лихтенштајн.