Со дуелот Бутел-Струга кој го добија скопјани започна 5.коло во машката ракометна Супер лига. Сите останати дуели се предвидени за претстојниов викенд. Младиот тим на Вардар Јуниор во ова коло е домаќин, ние ја пречекуваме екипата на ГРК Охрид од истоимениот град.
Мечот е закажан за во сабота, 5.октомври со почеток во 16-00 часот. На дуелот кој ќе се игра во СЦ “Јане Сандански“ ние влегуваме со една победа и три порази, ривалот влегува со обратен скор, односно три триумфи и еден неуспех по четири одиграни натпревари.