Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Само Вардар, ПСЖ и Алборг со максимални 6 бодови, во двете најсилни групи
Само Вардар, ПСЖ и Алборг со максимални 6 бодови, во двете најсилни групи

Само Вардар, ПСЖ и Алборг со максимални 6 бодови, во двете најсилни групи

Претстојниов викенд нема натшревари во Лигата на Шампионите, а следниот меч за Европскиот Шампион е на 12.октомври кога на домашен терен го пречекува тимот на Кил.

После три одиграни кола, Вардар е лидер во најсилната група Б со максимални шест освоени бодови, а покрај црвено-црните со стопроцентен ефект после три кола во најсилните групи се само уште и екипите на ПСЖ и Алборг.

Интересно, Алборг од најсилната група А успеа да победи на сите три меча сезонава, но за нив најтешките дуели допрва следуваат. На стартот од сезоната, Алборг издвојува победи над Елверум, Целје и ППД Загреб, но во наредниов период им следат натпревари против големите фаворити во групата, како ПСЖ, Барселона, Фленсбург и Пик Сегед.

Богатитот тим на ПСЖ е максимален по првите три кола, во кои успеа да ги победи екипите на Пик Сегед, Елверум и Загреб, но и за избраниците на Гонзалез во наредниот период следуваат мечеви со поголемите екипи од оваа група.

Вардар одлично ја стартуваше одбраната на круната во ЛШ, откако славеше на првите три натпревари, од кои два на гостински терен. Во следниот период следат поголеми предизвици за нашиот Шампион и дуели, најпрво против Кил пред своите навивачи, а после тоа коло гостуваат кај екипата на Веспрем.