Некој работи во македонскиот клубски прволигашки фудбал дефинитивно не се на вистинското место . Особено најголем двигател на хаосот е Фудбалската федерација и нејзините одлуки решенија и пасивност . Досега имаше неколку чудни одлуки забрани за гостински навивачи, задоцнето ждребување на првата и втората лига и т.н
Ако веќе се одиграни сите дуели и се знаат кој екипи го минаа 1/16 финалето во Купот на Македонија, логично е да има ждреб за следното 1/8финално коло . Така да екипите не знаат кога и со кој противник ќе се соочат во истото и нашиот Вардар помеѓу другите . Се уште не се знае кога би било ждребувањето воопшто . Суперкупот кој секаде е меч со кој се најавува сезоната во домашните првенства во нашава земја се уште не е одигран, веќе имаше две кола во лигата и едно во купот , а суперкупот нема ни датум . Дополнителен проблем е и најавеното реновирање на тревникот на најголемиот македонски фудбалски храм – Арената Филип втори. Така и да се закаже суперкуп дуелот тој би се играл на некој од помалите стадиони , а тука е натрупаноста на мечевите на противникот на црвено-црните кој игра во Лига Европа . Реновирањето на тревникот за потребите на дуелот од квалификациите за Европското Првенство со Шпанија е дополнителен проблем за Вардар . Па така наредните две домашни кола со ФК Младост Царев Двор и скопски Металург ќе мора да ги играме на алтернативни терени во Скопје или надвор од него, кои секако ќе имаат полоши услови од арената. Со тоа дополнителен проблем за технички доминантна екипа како ФК Вардар во однос на следните два противника кои полесно ќе се бранат од нашите налети на некоја од “ливадите“ .