Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО Табела ПМФЛ) Браво момци така се гине за црвено-црниот дрес !
(ФОТО Табела ПМФЛ) Браво момци така се гине за црвено-црниот дрес !

(ФОТО Табела ПМФЛ) Браво момци така се гине за црвено-црниот дрес !

Вчерашната убедлива победа во дербито одиграно во Куманово, во рамки на второто коло од македонскиот фудбалски шампионат сите нас верните вљубеници во црвено – црните бои не направи среќни и горди . Честитки за вчера упатени до нашите момци кои победија кога највеќе беше потребно во дуелот со засилениот тим на ФК Шкендија и тоа на гостински терен (видео).

Браво за нашите момци , браво за лукавиот потег на Фичо Ивановски , браво за латиноамериканското дуо Ромеро -Филипе кој се покажаа како одлично засилување за офанзивата на скопските црвено – црни . Честитки и за остатокот од тимот сигурниот Пачовски , момците во средниот ред и одбраната на Вардар сите кој на свој плеќи ја донесоа ова екстремно важна победа во дуел со најсилниот и единствениот конкурент по сите очекувања за титулата во ПМФЛ .  На табелата ФК Вардар ита кон врвот, се наоѓа на второто место.  Првото изненадувачки го држи по две кола ФК Силекс , но повеќе од јасно е дека нема капацитет кај кратовчани тоа да биде подолго од неколку кола .

ТАБЕЛА ПМФЛ ПО 2-ро КОЛО !

БРАВО МОМЦИ ТАКА КАКО ВЧЕРА СЕ ГИНЕ ЗА СВЕТИТЕ ЦРВЕНО-ЦРНИ ВАРДАРОВИ БОИ СО МАКСИМАЛНО ЗАЛАГАЊЕ , САМО СО 100% АНГАЖИРАНОСТ ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ШАМПИОНИ , А НИЕ ГОРДИ НА ВАС .