Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Проработе латино-американскиот шмек во Вардар
Проработе латино-американскиот шмек во Вардар

Проработе латино-американскиот шмек во Вардар

Само два натпревари беа доволни да проработи латино-американскиот шмек во редовите на Фк Вардар. Токму новите аквизиции во тимот на црвено – црните донесоа голема победа на вчерашниот натпревар во Куманово. Преку видео снимките можеме да забележиме дека голот на Фелипе, ретко се гледа на нашите простори. Бразилецот од 20-тина метри, со една пласиран удар, успеа да го матира противничкиот голман и да донесе голема радост помегу вардаровите играчи при крајот на натпреварот. Печат на победат стави, најновото засилуваље на Вардар, Ромеро. Тој влезе од клупата за резерви, и му беа потребни само 15-тина минути за да постигне гол, и да ја запечати судбината на овој натпревар.

Рака на срце, Ромеро на изминатите два натпревари беше блиску до деби гол во вардаровиот дрес, но на двата натпревари за малку не беше прецизен, односно ја погоди гредата, и против Слога, и против Кожуф.
Очекуваме уште многу голови од овие двајца играчи во Вардар!
                                                                                                                                                                         Фото: fkvardar.mk