На мини турнејата во Франција, екипата на Жрк Вардар го доживеаа вториот пораз во контролните натпревари со Француски Флери. Домаќинките имале контрола на мечот и постојано водство, кое ниту во еден момент не било загрозено. На полувреме заминале со предност од 16:12. Во натпревар со многу голови на двете страни, Флери бил поквалитетен противник и на крај сосема заслужено забележал победа. Конечниот резултат гласел 34:28. На првиот дуел шампионот на Франција, исто така забележа победа од 25:23.
Најфикасни во нашиот состав биле Дембеле со 6, Пенезиќ 4 и Дамњановиќ и Лазовиќ додадоа по 3 голови. Во вторник се игра третиот и последен контролен натпреавр помеѓу овие две екипи. Потоа нашиот тим заминува за Романија, каде ќе учествува на силен меѓународен турнир “Букурешт трофеј“.