Во периодот од 13-16-ти август се играше силен меѓународен турнир “Кањижа куп“ , кој го освои нашиот шампион Вардар. Во финалето беа подобри од екипата на Пик Сегед (22:19). Третото место го освои екипата на Нексе(Хрватска). На крај беа доделени пехарите и медалите за најдобрите екипи, како и поединечните награди. За најкорисен играч на турнирот беше прогласен организаторот на играта на црвено-црните, Игор Карачиќ. Тој беше и најефикасен играч во финалниот натпревар, на кој успеа да постигне 7 погодоци.
Наградата за најдобар голман сосема заслужено ја понесе Арпад Штербик. Ова признание го доби лично, од уште една голманска легенда Дејан Периќ, кој е моментален селектор на Српската репрезентација. На овој турнир Вардарци остварија вкупно 4 победи, против екипите на Сегед, Горење Велење и Партизан. Во пријателски меч, бевме убедливо подобри и од турскиот вицешампион, екипата на Нилуфер.