Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките поразени и од Чешка
Кадетките поразени и од Чешка

Кадетките поразени и од Чешка

Македонската кадетска репрезентација го доживеа третиот пораз, во исто толку натпревари на ЕП во Скопје. Подобри од нашите девојки овој пат беа селекцијата на Чешка, која забележа убедлива победа. Македонија беше рамноправен противник само во почетните седум минути, потоа противникот ја презема играта за веќе на полувреме да направи голема позитива (12:21). Ништо поразлично не се случуваше во вториот дел, само се зголемуваше предноста на Чешка. Конечниот резулта гласеше 22:39.

Најефикасни во нашиот состав беа Граматова и Џини(Вардар) кои постигнаа по четири голови. Кадетките завршија како последнопласирани во првата групна фаза. Сега ќе разигруваат за пласман од 9-16 место, во група заедно со репрезентациите на Германија и Шпанија. Од нашата група во главната фаза продолжуваат Словенија и Шведска. Останува во следниве натпревари да се остави подобар впечаток и да се прикаже поквалитетна игра.