Две вардарови младински фудбалски екипи одиграа контролни натпревари, како подготовка за стартот на новата натпреварувачка сезона.
На теренот на Академијата, пријателски натпревар одиграа помладите пионери на Вардар и Шкупи, меч кој го добија гостите од Чаир, кои славеа со резултат 2:1. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Бесар Гуџуфи.
Вардар: Тасев, Павлески, Љушев, Милошевски, Ричков, Здравковски, Каровски, Идризи, Попов, Ибраими, Гуџуфи.
Контролен натпревар одиграа и младинците на Вардар, кои за противник ја имаа екипата на Њу Старс. Мечот се одигра на теренот во населбата Јане Сандански и заврши со нерешен резултат 2:2. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Вардар прв успеа да го отвори резултатот во вториот дел и да поведе со голот на Малик Хасановиќ. Следеше резултатски пресврт на овој меч, откако тимот на Њу Старс со два гола поведе со 1:2. Сепак до крајот на мечот, за израмнување на резултатот се погрижи Давид Ристовски, кој ги постави конечните 2:2 на овој интересен дуел.
Вардар: Андов, Зендели, Манасиевски, Рушити, Мицевски, Ристовски, Трајановски, Ѓурковски, Хасановиќ, Туша, Омерагиќ.
Стартот на новата сезона е предвиден да започне на 31.август.