Вардаровата генерација 2006 денес на терените на ФФМ го одигра своето последно коло од регуларниот дел на сезоната во детската лига. Избраниците на Филип Спасевски одиграа два натпревари на кои забележаа победи.
Најпрво на теренот излезе Вардар (2) кој успеа да го добие дуелот со екипата на Еуроспорт од Куманово. Еден гол го реши овој натпревар, истиот го постигна Вардар, а стрелец беше Антони Динов.
Вардар (1) беше многу поубедлив во дуелот со екипата Куманово, на овој меч немаше дилеми за победникот и триумфиравме со резултат 8:1. Хет-трик на овој дуел постигна Алтин Алији, додека два гола беа дело на Марко Николовски. По еден гол постигнаа и Олег, Трифуновски, Алтин Нурединовски и Андреј Величковски