Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар поразен во Кратово
Вардар поразен во Кратово

Вардар поразен во Кратово

Вардар запиша пораз, откако попладнево беше совладан од Силекс во Кратово со гол на Бобан Георгиев во 33. минута од пенал. Со овој резултат, Вардар останува на втората позиција со три бодови предност пред А.Пандев на две кола пред крајот на шампионатот.

Вардар: Гачевски, Манев, Брдаровски (Фелипе 59′), Тошевски, Жуниор, Адем (Битанг 46′), Мицевски, Аврамовски, Цветаноски, Попзлатанов, Ибиши (Колевски 66′).

По првиот дел домашниот тим на Силекс имаше предност од 1:0 над тимот на Вардар. Се играше 33. минута, Брдаровски направи еден старт врз противнички играч за најстрога казна. Успешен реализатор на пеналот беше Бобан Георгиев кој му донесе водство на својот тим. До крајот на првиот дел вардарци не успеаа да го израмнат резултатот.

На стартот од вториот Васоски ја направи првата замена, во игра влезе Битанг на местото на младиот Адем. Лошата игра на Вардар продолжи и во вториот дел, играчите на Васоски никако неможе да го најдат патот до голот на противникот и да постигнат погодок барем за изедначување. Со резултат 1:0 заврши денешниот дуел. Остануваат уште две кола до крајот на шампионатот.