Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардар пресилен за Пролет, црвено-црните кадети стигнаа до својот 13.триумф сезонава
Вардар пресилен за Пролет, црвено-црните кадети стигнаа до својот 13.триумф сезонава

Вардар пресилен за Пролет, црвено-црните кадети стигнаа до својот 13.триумф сезонава

Кадетите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до својата 13 победа во рамките на групата 1 од кадетската лига, избраниците на Будимир и Станковски во малата сала на С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на Пролет 62.

59952237_342625956447765_5682695629046808576_n

Борбен, но и многу груб натпревар гледавме во првото полувреме на овој меч од кадетската лига. Екипата на Пролет успеа на стартот од мечот да поведе со 0:2, додека Вардар својот прв гол го постигна во 4 минута преку Велимир Грујовски. После седум минути игра, противникот имаше и позитива од три гола (1:4) стоеше на семафорот во малата сала на С.Ц. Јане Сандански. На моменти гостинската екипа прикажуваше груба игра, па судиската двојка Капсарева и Јашар беа принудени да им покажат на гостинските играчи во неколку наврати исклучувања од две минути. Посебно груба беше играта врз нашиот играч, Борис Павловски, кој во неколку наврати го напушти теренот, по што му се укажуваше медицинска помош. По 11 минути игра, црвено-црните сврзаа два гола, преку Чакалиќ и Савревски и намалија на 3:4. Следеше период во кој Вардар не успеваше да го пронајде патот кон голот на Пролет, но виновник за тоа беше и гостинскиот голман, кој одбрани неколку силни удари. Со голот на Стојановски, противникот повторно отиде на три гола позитива (3:6) во 14 минута од мечот. Сепак Вардарци започнаа полека да го фаќаат потребниот ритам, на голот се разбрани Марко Кизиќ, што беше повод за неговите соиграчи да торпедираат во нападот. Направивме серија од 4:0, откако по два пати погодија Савревски и Чакалиќ, па така во 18 минута нашите кадети за прв пат стигнаа до предност од 7:6. Гостинот со удар од седум метри го израмни резултатот на 7:7, но црвено-црните со голот на Павловски имаа водство од 9:7 во 23 минута од дуелот. Двата голмани влегоа во серија, Кизиќ сврза набрзина три одбрани, додека гостинскиот голман можеби беше најголемиот виновник што Вардар немаше поголема позитива на полувреме, со оглед дека спречи најмалку три наши чисти зицери. Сепак избраниците на Будимир и Станковски до крајот на првиот дел стигнаа до највисоки три гола (11:8), откако погоди Чакалиќ, овој резултат беше актуелен по истекот на првите 30 минути.

59979736_300483484200333_3396079814027771904_n 60091377_1454000658074745_4462882937972457472_n

Марио Мишевски беше играчот кој со гол го отвори второто полувреме, носејќи предност на Вардар од 12:8, тоа беше најголема позитива за нашиот состав. Во моменти кога ни се закануваше пасивен напад, Бојан Чакалиќ успева да постигне гол и да зголеми на 14:9, додека со нова одбрана се истакна Кизиќ. Тешко беше за Пролет да го следи брзото темпо на игра, примаат нов гол, па нивниот тренер е принуден да побара тајмаут. Советите како да дадоа резултат, Пролет е во серија од 0:3 со што намали на 15:12 во 40 минута од мечот. Намали противникот и на 16:14, но врати Дамјан Србиновски за позитива од три голови, а истиов играч влегува во серија на погодоци, па набрзина Вардар стига до највисоки 20:14 во 48 минута од натпреварот. Црвено-црните се веќе во серија од 6:0, и со головите на Чакалиќ веќе имаме водство и од 22:14, а Кизиќ продолжи со одбрани на нашиот гол. Заслужен триумф за Вардар со резултат 27:18.

60227537_762980580770181_8932957236041351168_n

Ова беше 13.победа за вардарци со која се на само еден чекор до пласман на завршниот турнир во кадетската лига. Најефикасен беше Бојан Чакалиќ со 10, додека Давид Савревски постигна 8 гола.