Генерацијата на ФК Вардар родени 2010 година ги продолжува настапите во детската фудбалска лига. Тие вечерва на терените на ФФМ ги добија првите елиминациски натпревари, против екипите на и Смилковци.
Вардар (1) повторно прикажа одлична игра и на крајот триумфираше убедливо против екипата на Мондано, со конечен резултат од 11:0. Голгетерски расположен беше Стефан Ристиќ кој постигна шест голови. Дарио Илиќ и Далибор Марковиќ беа стрелци на по два гола, додека еден гол беше дело на Марко Јовановски.
Настапите во детската лига ќе ги продолжи и Вардар (2) кој успеа да излезе како победник во дуелот со екипата на Смилковци. На овој меч забелажавме победа со резултат 4:1. Благојче Седлоски постигна хет-трик на овој дуел, додека еден гол беше за Петар Васоски.