Ракометниот тим Вардар се бореше за три пехари викендов, сепак само еден заврши во нашите витрини, оној на најмладите вардарки. Пионерките на ЖРК Вардар во големото финале во пионерска конкуренција одиграно во Делчево, беа подобри од Стpужанка со 20-18 и дојдоа до круна. Избраничките на Платон и Папуџиева сезонава имаа ПЕРФЕКТЕН скор, тие впишаа 12 победи во пионерската лига од толку дуели (10 во групата и два на Ф-4). По крајот на дуелот девојките го добија пехарот и заслужените златни медали.
Вардарки на завршниот турнир сосема очекувано како тим кој дојде до круната освои и дузина лични награди. Па така по крајот на финалето во иделната седморка имаше место за три црвено-црни девојки. Вероника Ѓорѓиевска е иделниот голман на финалето. Зимското засилувања Сара Стефаноска е најдобар лев бек, а пак Бојана Коцева е најдобар среден бек на финалето.
Покрај овие признанија за дел од иделниот тим две од овие три девојки добија и призание за најдобри на целиот настан. На Коцева и беше врачена наградата МВП-најдобар играч на цел турнир. Сосема заслужено признание за Бојана, оваа млада девојка која е “мотор“ во победите на пионерките низ цела сезона. Голманот Ѓорѓиевска беше “крунисана“ со пехарот за најдобар голман на цел Ф-4 турнир, Вероника покажа квалитет нешто што е добро познато за неа.
Видео од церемонијата на прогласување на најдобрата седморка на финалниот турнир за пионерки, доделувањето на медалите, пехарот и радоста на црвено-црниот тим може да погледнете во продолжение на следниот ЛИНК!