Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Двете екипи на ФК Вардар генер. 2009 ги продолжуваат настапите во детската лига, по денешните убедливи победи
Двете екипи на ФК Вардар генер. 2009 ги продолжуваат настапите во детската лига, по денешните убедливи победи

Двете екипи на ФК Вардар генер. 2009 ги продолжуваат настапите во детската лига, по денешните убедливи победи

Генерацијата на ФК Вардар родени 2009 година успешно ја поминаа првата елиминациска пречка во рамките на детската лига. Избраниците на Илија Колевски со двете екипи денес на терените на ФФМ славеа победи.

Вардар (1) за противник ја имаше екипата на Албион, која ја совлада убедливо со резултат 10:1. Уште по првото полувреме беа решени работите околу победникот, кога вардарци имаа висока предност од 7:0. Одличен меч за црвено-црните кои покажаа дека ќе бидат конкурент за трофејот оваа сезона. Јаков Стојковски имаше гол шоу на овој меч, успевајќи да постигне четири голови, додека два гола беа дело на Дарин Михајловски, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Даниел Колевски, Васе Папалиски, Вито Павлов и Матеј Крстевски.

Вардар (2) исто така беше сигурен во ова коло забележувајќи победа со резултат 9:2, против екипата на Смилковци. По првото полувреме вардарци беа во предност од 3:1.Максим Павловски успеа да постигне четири голови, додека по еден беа дело на Давид Колевски, Давид Мирчевски, Андреј Кралевски, Сулејман Качман и Алек Бабунски.