Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за вардаровата генер. “2010„ во дуелите со екипата на Кул
Две победи за вардаровата генер. “2010„ во дуелите со екипата на Кул

Две победи за вардаровата генер. “2010„ во дуелите со екипата на Кул

Две победи за вардаровата генерација “2010„ во денешното коло од детската фудбалска лига. Оваа генерација моментално ја предводи Стефан Михајлов кој на стартот успеа да сврзе две победи со оваа генерација на Вардар. Денес противник ни беше екипата на Кул.

Вардар (1) стигна до триумф против екипата Кул (1) со резултат од 5:3. Далибор Марковиќ го отвори резултатот за 1:0, носејќи му почетна предност на својот тим. Во следниот период два гола постигна и Дарио Илиќ за високо водство од 3:0. До крајот на првиот дел за одбележување е ударот на Драган Гечев кој заврши покрај голот, како и одличната одбрана на Филип Наумов. Сепак постигна прв гол и тимот на Кул и на полувреме се замина со резултат 3:1.

1 2

Во вториот дел противничката екипа успеа да го намали резултатот на 3:2. Удар имаше Чедевски кој шутираше покрај голот, како и Марко Јовановски кој ја погоди стативата од голот на Кул. Противникот не се откажа и успеа да го израмни резултатот на 3:3, но Вардар беше подобар и заслужи да победи. Огнен Сивески се погрижи да ја вратиме предноста и да поведеме со 4:3, додека Ристиќ немаше среќа и ја погоди само стативата. Два обиди имаше и Константин Трајков. Во листата на стрелци успеа да се запише и Матеј Чедевски кој погоди од пенал, за конечен резултат од 5:3.

До победа стигна и екипата на Вардар (2) против кој го совлада тимот на Кул (2). Лука Пацески имаше можност да го отвори резултатот,но ја погоди само стативата. Тимот на Кул беше тој кој успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Васовски можеше да врати но во една акција на два пати ја погоди стативата од противничкиот гол. Прв гол и за вардар на мечот, дело на Македон Симев кој израмнува на 1:1.

4 5

Следеа обиди на Благојче Седлоски, во првиот шутира покрај голот, во вториот одбрани голманот на Кул, Калин Крстевски кој беше најзаслужен што неговиот тим не загуби со поголема разлика. До крајот на мечот во центарот на вниманието беше Петар Васовски кој успеа да постигне хет-трик и да зголеми на 4:1. Во последните ти минути од мечот два гола постигна екипата на Кул и го намали резултатот на 4:3, што беше и конечен на овој меч.

6